Skip to main content

Загина едно лице

Тешка сообраќајка на патот Кичево-Гостивар

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа која се случила кај „Тајмишка раскрсница“ на магистралниот пат Кичево-Гостивар.
 |  инфодеск  | 
полициска лента

На 08.08.2022 во 06:35 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај „Тајмишка раскрсница”, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „Mан”, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(56) од Гостивар и патничко возило „Хјундаи”, со скопски регистарски ознаки.

На местото на несреќата починал возачот на возилото „Хјундаи”, смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Кичево и се работи на утврдување на идентитетот на лицето. Со тешки телесни повреди се здобила Р.К.(42) од Скопје, сопатничка во истото возило, констатирани во Ургентниот центар во Скопје. Увид извршија Јавен обвинител и полициски екипи – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.