На 27.06.2024 година околу 20.30 часот, на магистралниот пат Гостивар-Кичево, кај месноста „Сатеска”, патнички автомобил „Рено Флуенце”, со охридски регистарски таблици, што бил управуван од 63 годишно лице од Охрид, излетал од патот. Возачот и три лица-сопатници во автомобилот, со медицинско возило се пренесени во Општата болница во Кичево каде, кај сопатникот биле констатирани тешки телесни повреди. Возачот и вториот сопатник исто така од Охрид, се здобиле со телесни повреди додека кај третиот сопатник, не биле констатирани повреди. Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи, се вели во соопштението од СВР Охрид.