Skip to main content

СВР Охрид

Тешка сообраќајна несреќа кај Рача, загина 27 годишен охриѓанец

Страотна несреќа со смртни последици кај Рача.
 |  инфодеск  | 
Сообраќајна несреќа

На 08.03.2025 година околу 14 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, кај кружната крстосница за населбата Рача, случена е сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил „Мазда“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 76 годишно лице од струшкото село Враништа и мотоцикл со охридски регистарски ознаки, управуван од 27 годишно лице од Охрид. Доктор од Итната медицинска помош од Охрид, кај возачот на мотоциклот констатирал смрт, соопшти портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Полициски екипи предводени од јавен обвинител вршат увид на местото на сообраќајната несреќа.