Од засега непознати причини, утрово околу 7.30 часот, патничко возило изгубило контрола и излетало од коловозот на патниот правец Охрид – Кичево кај селото Ботун. Во несреќата две лица ги загубија животите, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Две лица го загубија животот во сообраќајна несреќа што денеска се случи на магистралниот патен правец Охрид- Кичево, во близина на селото Ботун.
На тоа место моментално се работи на изградбата на новиот автопат, а сообраќајот се одвива со девијации односно со пренасочување на возилата од една на друга автопатска лента. Димоски апелира до возачите внимателно управување со моторните возила посебно на делниците каде е во изградба автопатот и прилагодување на брзината на условите на патот, посебно со оглед на најавите за лоши временски услови со врнежи од дожд и снег.
Извршен е увид на местото на настанот, а истрагата треба да утврди што ја предизвикало сообраќајната несреќа на автопатот во изградба кој одзеде уште два човечки животи.