Skip to main content

СВР Охрид

Тешко повреден мотоциклист на ул. „Железничка”

На пресекот од улиците.„Железничка” и „Абас Емин”, се судриле патничко возило  „мерцедес” и мотоцикл „априлија”.
 |  инфодеск  | 
сообраќајка

На 19.05.2023 во 18.25 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на крстосница од улиците.„Железничка” и „Абас Емин” во Охрид, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило  „мерцедес” со охридски регистарски ознаки, управувано од И.В.(47) од Охрид и мотоцикл „априлија” со германски национални ознаки, управуван од Д.Д.(39) од Охрид, информираа од СВР Охрид.

Во несреќата мотоциклистот Д.Д. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо” во Охрид. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид.