Несреќа
Тешко повреден пешак во Охрид
Тешко повреден 76-годишен пешак откако возило удрило во него на крстосницата на улиците „Никола Карев” и „АСНОМ” во Охрид.
На 14.12.2022 околу 19:30 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на крстосница на улиците „Никола Карев” и „АСНОМ” во Охрид, патничко возило „мерцедес” со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.Л.(71), удрило во пешакот Ж.Ѓ.(76), двајцата од Охрид.
Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо” во Охрид. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.


