Skip to main content

Тешко повреден возач во сообраќајка на „Туристичка“

По наредба на јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Сообраќајна несреќа

Вчера во 11:00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на булеварот „Туристичка“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 45-годишен охриѓанец, и товарно возило „Мерцедес“, исто така со охридски регистарски ознаки, управувано од 46-годишен жител на Охрид.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „Ауди“, кои биле констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.

По наредба на јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Охрид.