Skip to main content

Тестот на издржливост го потврди квалитетот на емовите далеководи

Тестот на издржливост го потврди квалитетот на емовите далеководи.

 |  Валентина Неловска  | 
dalekovod
dalekovod

На испитниот полигон на Емо денес се одвивaше несекојдневно тестирање на 110 киловолтен далековод. Екипи на Емо во присуство на инвеститорот Мепсо и преставници од Градежниот факултет се обидоа да срушат 110 киловолтен далековод. Тестирањето  се однесуваше на  столбот  за далеководот  Вруток-Тетово кое го издржа динамичното напрегање , вели директорот на ЕМО, Зоран Филоски. Напоменува дека во земјава и пошироко едниствено во Емо се врши ваков тип на испитувања.

„ Требаше да се сруши  110 киловолтен столб. Но, со 35 проценти оптоварување над дозволените стандарди столбот го издржа динамичното напрегање. Со ова тестирање се потврди квалитетот на изведување на емовите далеководи“.
далековод
  Раководството на Емо најавува враќање на некогашниот имиџ на компанијата со обезбедување на  нови проекти за работа. Покрај доизградбата на далеководот Вруток- Тетово кој се планира да се доизгради до средината на ова лето, работници на Емо ќе бидат ангажирани на изградба на два далеководи, 400 киловолтен далековод  Штип- српска граница и 110 киловолтен далековод Скопје-Тетово, кажува Филоски.

„ Се работи и на останатите производствени процеси , производство на електро опрема. Моментално  работиме на  тендер добиен за „Електродистрибуција“ од Белград за изработка на трансформатори во вредност од околу 1 милион евра. Имаме  дополнителни активности кои треба да финишираат  со договори за испорака и на друга опрема за трансформатори и во квантитет и во паричен износ“.

Покрај овие активности Емо  врши и ремонти во РЕК Битола и  Осломеј како и работа на тендери добиени од ЕВН. За далеководната монтажерска група е обезбедена работа, како што се производство на дистрибутивни трансфораматори, расклопни апарати и мерни трансформатори  за наредните 6 месеци, кажува Филоски. Се највуваат и освојување на нови пазари, отварање на нови работни места за помлади кадри со што ќе се враќа производствената кондиција  на некогашно Емо.

{loadposition content9}