На унифицирани тезги на плоштад ќе се продава храна и пијалоци за празниците
Храна и пијалоци ќе се продаваат на градскиот плоштад за време на празниците. Шест локации ќе се издаваат за поставување на продажни штанд пултови. Интерес за изнајмување на локациите досега нема, но праксата покажувала дека понудите стигнувале на последниот ден, информираат од Локалната самоуправа.
Новогодишната атмосфера во Охрид ќе се подгрева со 6 продажни пулта на градскиот плоштад. Од локалната самоуправа информираат дека штандовите ќе бидат унифицирани и ќе бидат изненадување за охриѓани и гостите. На штандовите ќе се продаваат храна и пијалоци, но од локалната не откриваат каков вид на храна и пијалоци ќе може да се продаваат на отворено. Дали охриѓани и гостите во празничните вечери ќе се затоплуваат со варено вино и сладат со колачи со цимет или ќе јадат крофни, ќебапи и сендвичи залиени со кока кола останува да видиме за една недела.
Унифицираните тезги на плоштадот ќе бидат поставени од 20 декември па се до 20 јануари 2014. Заинтересираните кои ќе пројават желба да постават ваков штанд на 5 м квадратни ќе треба да издвојат 15.000,оо денари, а за 4м2, цената ќе биде 12.000,оо денари по тезга. Во цената за изнајмуване локација не се пресметани комуналната такса, одржувањето на хигиената и приклучокот на електрична енергија. Засега до Локалнтата нема доставени пријави за изнајмување на локации. Од општината велат дека праксата покажува дека пријавите притигаат најчесто на последениот ден.
Заинтерсираните за поставување штандови ќе треба да достават документ за регистрирана дејност од Централен регистар на РМ или документ дека припаѓаат на соодветно здружение. Задолжително е приложување на потврда дека немаат заостанати обврски кон општината за комунална такса и закуп на урбана опрема.
Понудите до Локалната самоупрва се доставуваат до 16 декември. Пристигнатите документи ќе ги разгледува посебна Комисија. Понудите пристигнати после наведениот рок нема да се земат на разгледување.
{loadposition content9}