Skip to main content

Ти си твојот град

Тежок пристап до Kејот за лицата со хендикеп

„Жена која ја туркаше својата ќерка во инвалидска количка рече дека со години тука се мачи да помине, но никој не реагира“, велат граѓаните.
Кеј

Наши сограѓани преку рубриката „Ти си твојот град“ реагираат на проблем кој ги мачи лицата со хендикеп.

Велат дека поради мал дел од патека на охридскиот Кеј, кој е несреден и нерамен, овие лица кои се во количка, имаат тежок пристап до езерото. Еве го нивниот коментар:

Лицата со инвалидски колички велат дека со години не знаат како да постапат за да им се реши пристапот до езеро во најфреквентната улица кај старото одморалиште на ПТТ, на самиот Кеј на езерото, веднаш после хотел „Тино“. Со помош на други лица одат до езеро по истиот, нормално најкраток пат и исто толку тешко да се вратат. Треба само да се израмни 1 метар ширина од почетокот на патеката. Жената која ја туркаше својата ќерка во инвалидска количка рече дека со години тука се мачи да помине и дека сеуште никој не реагирал – напиша нашата сограѓанка Лекоска, за „Ти си твојот град“.

Таа се надева дека преку рубриката „Ти си твојот град“, овој проблем ќе стигне до надлежните и душебрижниците за лицата со хендикеп.

Кеј