Полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица „Тигар” при Министерството за внатрешни работи, денеска на стрелиштето „Бејбубар” во Охрид ќе имаат боево гаѓање.
Единицата, утре кај комплексот „Инекс” ќе реализираат тактичко – показна вежба, а во четврток и петок единицата „Тигар”, кај каналот „Студенчишта” ќе ги спроведат завршните плански активности.
Се работи за редовна вежбовна активност на Единицата во која ќе се вклучи и Хеликоптерската единица на МВР, а целта е јакнење на професионалните компетенции на припадниците на Единицата за зголемена ефикасност и ефективност во борбата против криминалот и одигнување на безбедноста на граѓаните и државата.
Упатуваме апел до граѓаните да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници – вели Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.