Skip to main content

Тилевски: Имаме решение за секој проблем на охриѓани

Продолжуваме да чекориме по патот на успехот, тоа е влогот на нашата генерација што мора да го исполниме со мудрост, чесност и работа. Со оваа порака денес ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција ја најави кампањата за престојните Локални избори 2017.

 |  Николоска Биљана  | 

Денес ги отвораме вратите на новите предизвици, нови реализации, проекти, работни места во Охрид истакна на првата прес конференција Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Митко Тилевски. Охрид секогаш ќе биде лулка на ВМРО-ДПМНЕ и стожерот на РМ, бидејќи ние вистински го сакаме својот град, секогаш работиме за него, додаде Тилевски. Тој нагласи дека уште веднаш почнуваат со работа која ќе триумфирала со победа уште во првиот круг.

Ќе го посетиме секое маало, улица и куќа презентирајќи ја програма. Нашите одлуки се одговор на барањата на граѓаните, заедно продолжуваме кон решавање на проблемите со цел да обезбедиме подобра иднина на нашиот град. Во Охрид ќе победи работата, ќе победат охриѓани

Политиката не е борба за власт, за ВМРО-ДПМНЕ политиката е одговорност, истакна Кирил Пецаков, носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ. Пецаков нагласи дека заедно со останатите советници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата застануваат гордо пред охриѓани со остварлива визија и цел за Охрид, со работа, дела и отчетност да се внесе во Новата Ера, гордо и достоинствено.

За нас најважната работа е дадениот збор. Во изминатите четири години неуморно се реализираа најголем број проекти за кои дадовме збор, максимално се вложивме за изградба на Охрид како современа општина. Сите охриѓани видоа една нова сосема отворена локална самоуправа, посветена кон целата јавност и која беше вистински сервис во решавањето на проблемите и на потребите на секој жител во Охрид. Токму затоа граѓаните можат да бидат сигурни дека новите проекти што ќе ги понудиме со новата изборна програма, ќе се реализираат во периодот од наредните четири години.

Од ВМРО-ДПМНЕ ги повикуваат сите политички субјекти на соработка и заемно почитување со цел зајакнување на демократските капацитети во сите сфери на современото живеење.