Skip to main content

Тилевски: Реконструкција на двата плоштади

Реконструкција на двата градски плоштади, најави Митко Тилевски, кандидатот за градоначалник од Вмро  Дпмне  и Коалицијата За подобра Македонија. При тоа Тилевски рече дека неопходен чекор за создавање и одржување на растот и развојот на Охрид се квалитетни и препознатливи градби како и напредни услуги за граѓаните.

 |  Валентина Неловска  | 

Митко Тилевски кандитот за градоначалник од Вмро Дпмне  и Коалицијата најави реконструкција на двата градски плоштади. Вмро Дпмне не застанува, како што не застана и претходните години, рече на прес конференцијата Тилевски.

„ Продолжуваме со исто темпо, помотивирани и посветени, остануваме на патот Охрид да го направиме квалитетно место за живеење со светла иднина за охриѓани“, најави Тилевски.

Од градскиот плоштад беа презентирани двата проекта како едни од главните идеи кои се дел од програмата која ќе се реализира во перидот 2017-2021.

„ Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ има потреба од проширување и дополнително уредување и за таа цел ќе се пристапи кон реализација на овој проект. Планирано е да се изгради нов и модерен плоштад со кој охриѓани и туристите ќе се гордеат и ќе биде најубаво уреден центар пошироко во регионот“рече Тилевски.


Нов и модерен лик ќе добие Плоштадот „Крушевска Република“ со цел граѓаните да добијат уште едно уредено катче, да се постават канделабри со поставување на лед светилки за осветлување на плоштадот, изградба на фонтана, хортикултруно уредување , поставување клупи и канти за отпадоци, но и друга урбана опрема кои ќе бидат во рамките на плоштадот, рече Митко Тилевски кандидатот за градоначалник од Вмро Дпмне и Коалицијата.