Skip to main content

Тимот кој победува не се менува

51то издание на „Балканскиот фестивал“ се подготвува со полна пареа. На свеченото отварање традиционално ќе настапи Ансамблот „Танец“

 |  Јаковлева Лионела  | 
kultura
култура

Се е подготвено за почетокот на 51то издание на „Балканскиот фестивал“. Традиционално овој реномиран фолклорен фестивал ќе се одржува на сцената на Долни сарај, а на свеченото отворање како и секогаш ќе настапи Ансамблот „Танец“. Директорот на овој ансамбл, Зоран Џорлев најавува поразлична програма од минатите години во која нема многу стилизација, но сепак ги прати модерните светски трендови. Џорлев не сакаше да открие со што точно „Танец“ ќе ја почести публиката оваа година, но кажа дека со настапот ќе се задржи реномето на фестивалот кое грижливо се гради веќе половина деценија.
balkanski

Директорката на Центарот за култура, Драгана Боцевска рече дека се горди што и оваа година под нивна капа и со финансиски средства издвоени од Министерството за култура ќе можат на публиката да и овозможат уште едно шестдневно дружење со фолклорот од Балканот.

Инаку на Балканскиот фестивал ќе настапат Ансамбли од Хрватска, Албанија, Турција, Холандија, Бугарија, Полска, Австрија, Војводина и Македонија. Ретко кој од ансамблите е ист од минатите години. Уште од сега се размислува кои се ансамбли ќе учествуваат наредната година. Љубителите на фолклорот ќе можат да уживаат во него од 6 до 11 јули.

{loadposition content9}