Skip to main content

Центар за јавно здравје

Тимови од Центар за јавно здравје на располагање на ранливи категории граѓани за земање материјали за анализа во домашни услови

Доволно е да поседувате уредно издаден упат од вашиот матичен лекар и да се јавите на еден од телефоните на центарот.
 |  инфодеск  | 
Лабораторија ЦЈЗ

Поради топлото време и високите температури, мобилни тимови од Центар за јавно здравје им стојат на располагање на ранливите категории граѓани кои имаат потреба од микробиолошки анализи, за земање на соодветните материјали во домашни услови.

– Со цел намалување на ризиците и спречување на штетните ефекти од надворешните топлотни влијанија предизвикани од високите температури врз здравјето на луѓето, во овие надпросечно топли денови, за сите ранливи категории на граѓани: стари лица, хронично болни, лица со хендикеп, лица со зголемена телесна тежина, бремени жени, доенчиња, кои имаат потреба од лабораториски микробиолошки услуги, Центар за јавно здравје Охрид става на располагање мобилни тимови подготвени да Ве посетат во Вашиот дом во Охрид за да ги земат соодветните материјали за микробиолошка анализа и ги обават потребните административни формалности, а по завршување на анализата, да Ви ги достават соодветните наоди/резултати, информираат од Центар за јавно здравје.

Доволно е да поседувате уредно издаден упат од вашиот матичен лекар и да се јавите на еден од телефоните на центарот 078 488-250 или 078 488-262, секој работен ден, најдоцна до 13:00 ч., каде ќе дадете податоци за Вашата адреса и видот на микробиолошката анализа која треба да се изврши, согласно упатот од матичен лекар.

Од Центар за јавно здравје, потсетуваат и апелираат за сериозно почитување и придржување кон општите препораки за заштита од топлотен бран.