Точката за продолжување на мораториумот не беше ставена на дневен ред
Опозиција и позицијата со различни гледишта за реализацијата на буџетот во 2019 година. За позицијата раздолжувањето на општината и деблокирање на жиро сметката на основното училиште Григор Прличев се дел од успешно реализираниот општински буџет во 2019. Oпозицијата пак,воздржана по извештаите за финансирање на образованите институции под локална самоуправа и работата на јавните претпријатија.
Точката за продолжување на мораториумот за градење како дополнителна точка од сферата на урбанизмот не се најде на денешниот дневен ред на седница на градскиот Совет. Гордана Коњаноска, од опозицијата ВМРО ДПМНЕ, побара оваа точка да се разгледува на посебна седница.
„Имаше доволно време и роковите беа познати и нема оправдани да се носи ваква точка под превезот на итност без можност советот детално да се запознае со содржините на материјалот кој денес треба да се разгледува и носи. Ние како совет ќе побараме на наредната седница само со таа точка на дневен ред да биде донесен овој документ“, кажа советничката Коњаноска.
Инаку, покрај оваа точка советницте расправаа и ги разгледуваа извештаите за реализацијата на развојните програми и буџетот за 2019 година и финансиските извештаи од работата на образовните институции и Јавните претпријатија. Беше усвоен Годишниот извештај и завршна сметка на буџетот. Ристо Николески, координатор на советничката група на СДСМ, е задоволен од сработеното на локалната самоуправа во минатата година.
„ 95 Проценти има реализација на буџетот. Имавме неколку клучни точки на кои се фокусиравме како што беа раздолжувањето на општината и ОУ Григор Прличев. Во тек сме да се добие и целосно раздолжување и реализација на покрупни проекти. Буџетот и програмите кои беа понудени на граѓаните се реализирани во 2019 година“.
Од опозцијата беа воздржани за извештаите за финансирање на образованите институции под локална самоуправа, а не дадоа поддршка ни за извештаите за работа на јавните претпријатија.