Точно на пладне стартуваше Охридскиот пливачки маратон
Точно на пладне стартуваше Охридскиот пливачки маратон. Дваест и двајца пливачи од светот и Макдонија ќе се борат за првото место во машка и женска конкуренција. Временските услови за ова 31-вото маратонско издание се идеални.
Од Свети Наум, точно напладне, на маратонската патека Климе Савин беше означен почетокот на 31виот Охридски пливачки маратон. Организаторите велат дека стартот бил навреме и поминал во најдобар ред. Оваа година 22 -ца пливачи од Македонија и светот ја пливаат 30 километарската патека за стигнат на целта кај градскиот плоштад.
Во машка конкуренција има 15 пливачи меѓу кои се тројцата македонски маратонски пливачи Евгениј Поп Ацев, Александар Панчевски и Александар Илиевски. Покрај нив, на пливачката патека за првото место во машка конкуренција ќе се борат и пливачи од разни страни на светот. На охридскиот маратон допатуваа 7 Аргентинци, 2 Французи, 3 Италијанци, како и Германец, Бразилец, Канаѓанец и Хрват. Во женска конкуренција има 7 маратонки.
Пливачите ќе ги пратат 22 кајчиња, а во целата организација се вклучени 53 кајчиња. Од Пливачката федерација на Македонија напоменуваат дека временските услови за 31 -вото издание на Охридскиот пливачки маратон се идеални. Исто така кажуваат дека и меѓунродните судии се задоволни од годинешната организација на маратонот.