Skip to main content

Тодороски: Проектот „Зелени рурални ризници“ ќе го подобри животот во охридските села

„Зелени рурални ризници“ е проектот кој денеска го претстави носителот на советничка листа од СДСМ и колаицијата , а чија цел е искористување на потенцијалот на охридските села за еко и агро туризам.
 |  инфодеск  | 

План за развој на агро туризам и еко туризам во руралните средини во охридско, претстави носителот на советничката листа на СДСМ и коалицијата, Јане Тодороски. Проектот „Зелени рурални ризници“ дирекно ќе го подобри животот во охридските села и ќе донесе можностите за сите, рече кандидатот за советник на денешната прес конференција.

Идејата е едноставна да го искористиме тоа што веќе го имаме, прекрасната природа, традицијата, домаќинската храна и вредните луѓе. Со овој проект ќе се работи на подобрување на патната инфраструктура во селата, уредување излетнички и природни места, поддршка за семејствата што сакаат да примат гости и туристи, обуки за хигиена, угостителство и промоција, промоција на локaлни производи и храна.“рече на денешната прес конференција носителот на советничката листа на СДСМ и коалицијата, Јане Тодороски. 00:47

Селата како Скребатно, Косел, Куратица, Опеница, Завој и Свињишта ќе бидат вклучени во првата фаза, но идејата е да се прошири и на други села низ општината, посочи Тодороски.

Сакаме да ги поврземе селата меѓусебно и со Охрид за да понудиме едно поинакво, автентично, природно и локално доживување, истакна Тодороски.

„Овој проект ќе се прави во соработка со Министерството за земјоделство, Туристичката агенција, граѓанските здружение и секако со поддршка на Европските фондови. Тоа што е најважно е дека ова не е краткорочна акција. Сакаме да изградиме трајна поддршка за селата, нови приходи за семејствата и поголема желба младите да останат и работат тука во своите домови.“ – истакна Тодороски.

Како СДСМ Охрид веруваме во селото, во земјоделецот, во локалниот производ и дека руралниот развој е клуч за порамномерен и фер развој на нашата општина, рече Тодороски и додаде дека Охрид не е само езерото, туку и планините, шумите и вредните луѓе што живеат таму.