Skip to main content

Томислав Тунтев во правен вакум

Томислав  Тунтев во правен вакум.

 |  Валентина Неловска  | 
sednica
sednica

Одземен советничкиот мандат на Томислав Тунтев.  Координаторот на советничата група на СДСМ  и претседател на општинската организација на партијата е разрешен со 13 гласови ЗА од  неговите колеги од позицијата, 7 против и 1 воздржан. Точката за престанување на неговиот мандат беше ставена како итна на дневниот ред на денешната 23 седница  која беше прекинувана со неколку паузи за правни толкувања.  Предлагач на точката беше советникот од Вмро Дпмне Коста  Трифуноски  и претседател на Комисијата за верификација на избори и именувања.

Tuntev„ Согласно одредени членови од Изборниот законик и членови од законот од Локална самоуправа чувствувам потреба да кажам дека Томислав Тунтев од 10 мај 2014 е пратеник во Собранието на РМ со верифициран мандат и денес советниците одлучија дека е неспоива неговата функција на пратеник и советник.“

Советниците од опозицијата беа против одлуката да се стави како итна на дневен ред и да се гласа за  престанок на советничкиот мандат на Тунтев. Тие образложија дека нивниот колега не го прифатил пратеничкото место. Според нив со денешната одлука се кршат неговите човекови  права. Советникот од ЛДП  Дејан Блажески се повика на правниот вакум и коализијата на  работите околу насилната верификација на пратеничките мандати во Парламентот, по кој  следува  одземањето на советничкиот мандат.
sednica

„ Итноста ја одлучи ДПМНЕ , итно ја ставија точката на дневен ред и итно го завршија без сериозна експертиза. Јас мислам  ова треба да се решава на повисоки инстанци меѓутоа едно заборавија советниците со „ за“  дадоа легимитет на една недоречена праван одлука. Чим гласаа дадоа легимитет на една одлука која допрва треба да биде расправа на институциите во оваа држава, а да не заборавиме дека сите меѓународните фактори забележуваат дека во ова земја има споеност на партијата и државата.“
 
Томислав Тунтев не беше присутен на денешната седница на совет а своето одсуство уредно го најавил.  Претседателката на Совет Гордана Коњаноска во негово отсуство му се заблагодари на досегашната соработка. Тунтев пак непријатно изненаден од денешната седница. За ТВМ  вели дека денешната седницата на Совет покажала многу ниско ниво на демократски капацитет на членовите на мнозинството во советот.

„Јас се надевав дека ќе најдат храброст и одважност, смелост да се справат на едно незаконско, насилно и против уставно верификување на мандат, дека ќе ги сфатат причините зошто не смее и не треба да биде одземен советнички мандат. Се направи опасен преседан затоа што од денес натаму секој советник може да го снајде истото против волјатат на охриѓани“, кажа Тунтев.   sovet

 

Советниците од редовите на СДСМ кои добија мандат за пратеници на последните изброи и истите ги одбија ќе поднесат тужба до Управниот суд. Со тужбите ќе бараат заштита на загрозените слободи и права  што им следуваат според уставот и законите на  РМ, поради како што вели Тунтев, насилното, против уставното и против законското верификување на нивните мандати за пратеници. За сето ова детално ќе бидат запознаети сите релевантни меѓународни институции, додава Тунтев.

{loadposition content9}