УХМР
Топло, но нестабилно: Следува период со поројни дождови и локално невреме
Минималните температури денес во Охрид од 16, а максималните до 26 степени Целзиусови.

Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен северeн ветер.
Од УХМР велат дека во текот на новата седмица ќе се задржи топло време. Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата наместа ќе има услови за поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд и изолирано невреме со појава на град.
Минималните температури денес во Охрид од 16, а максималните до 26 степени Целзиусови.




