Skip to main content

Торта и благодарност до медиумите и граѓаните од кандидатите за пратеници од ВМРО ДПМНЕ

Со торта и благодарност до медиумите и граѓаните кандидатите за пратеници од ВМРО ДПМНЕ официјално ја одбележаа победата на двојните избори. Рекоа дека во законодавниот дом ќе се залагаат за поголем просперитет на Охрид.

 |  Јаковлева Лионела  | 
pratenici
пратеници

Моите чувства поради овие историски мигови на  големата двојна победа на коалиција на ВМРО-ДПМНЕ сакам да ги споделам со сите граѓани на Охрид и Република Македонија и со вас медиумите, рече новиот пратеник од Охрид, доктор Сашо Василевски на денешната пресс конференција која беше одржана за прв пат по прогласувањето на победата на претседателските и парламентарните избори.

– Ја добивме поддршката на народот и затоа искрено им сме благодарни и ги уверувам дека нашата работа во парламентарниот дом исклучиво ќе биде за интересите на нашата држава, Република Македонија и за нашиот град Охрид. Ќе се трудиме Охрид да добие што повеќе инвестиции Сите наши проекти, заложби, ветувања, немаше да бидат достапни до целокупната популација доколку не беа медуимите и нивната поддршка, рече Василевски.пратеници

И кандидатот за пратеник Љубен Арнаудов изрази благодарност до граѓаните на Охрид и до медиумите.

– Се покажа дека охриѓани се свесни, знаат да проценат што е добро за нив и за државата, и го дадоа својот глас на вистинското место, со надеж дека тој глас нема да е залудно потрошен. Нашите претставници во парламентот ќе се покажат достоинствено и ќе работат на интересите на сите, изјави Арнаудов.

Александар Николовски пак рече дека досега поминал четири изборни кампањи, но на последната го имал најдобриот тим за соработка.

– Бевме добро уиграни, добро координирани, речиси и да не направивме некоја крупна грешка. Секогаш го правевме она што беше потребно. Им благодарам на сите без разлика на која политичка партија гласаа и да ги повикам сите кои добија мандат да дојдат во Собранието најдоцна до 17-ти мај и заеднички да почнеме да работиме зашто граѓаните гласаа и за ВМРО-ДПМНЕ, и за СДСМ, и за ДУИ, и за ДПА, РДК, ГРОМ и сите политички партии треба да имаат претставници во Македонското собрание, подвлече Николовски.

На крај неколку збора кажа и портпаролот на ОК  на ВМРО ДПМНЕ Никола Митровиќ, кој рече дека пресс центарот функционирал беспрекорно поради искуството на тимот и соработката со кандидатите за пратеници.

{loadposition content9}