Skip to main content

ТППЕ Охрид

ТППЕ-Охрид ќе го одбележи Денот на пожарникарите со дефиле низ градот

Почетокот на дефилето ќе биде во 11 часот. Пожарникарите упатуваат апел до граѓаните за разбирање.
 |  инфодеск  | 

По повод 20 ти Мај , Денот на Пожарникарите , ТППЕ-Охрид ќе дефилира низ охридските улици со три возила ,со звучна и светлосна сигнализација .

-Правецот на движење на возилата ќе биде од противпожарниот дом, бул. Македонски просветители, бул.Туристичка,АСНОМ, ул.Карпош Војвода, ул.Сирма Војвода, ул. Марко Цепенков, ул.Ристо Чадо, Железничка,ул. Егејска, ул. 7ми Ноември, бул.Македонски просветители, информираат од Територијалната противпожарна единица Охрид.

Почетокот на дефилето ќе биде во 11 часот. Пожарникарите упатуваат апел до граѓаните за разбирање.