Сообраќајна незгода се случи на патниот правец Охрид-Кичево, во близина на с.Лактиње.
Територијалната противпожарна единица од Охрид учествуваше во извлекување на повредено лице во незгодата.
„Притоа пожарникарите-спасители поради пренасочениот сообраќај , имаа потешкотии во движењето на потегот до с. Подмоље, поради неможноста на останатите учесници во сообраќајот да му отстапат простор на нашето возило за специјални намени.“ – велат од ТППЕ Охрид
За среќа повреденото лице успешно е извлечено и транспортирано со итната медицинска помош во најблиската болница.