
Денеска во просториите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), се одржа работен состанок на директорот Џеват Селами со Комисијата за одобрување на набавката на противпожарна опрема за единиците за гасење пожари. Главната тема на состанокот беше распределбата на новонабавената противпожарна опрема, која вклучува 20 термални камери и 80 изолациони (дишни) апарати.
Оваа опрема е од витално значење за заштита и спасување при пожари, особено во урбаните средини.
На состанокот присуствуваа претседателот на комисијата Димче Митевски, членот на комисијата Агрон Бафтијари од ДЗС, како и претставници на ЗЕЛС – членови на комисијата градоначалниците на општините Штип и Радовиш, Иван Јованов и Ацо Ристов.
Распределба на опремата:
· Дирекција за заштита и спасување – 3 термални камери за тимовите за брз одговор;
· Град Скопје – 4 термални камери и 20 изолациони апарати;
· Општина Битола – 1 термална камера и 5 изолациони апарати;
· Општина Куманово – 1 термална камера и 5 изолациони апарати;
· Општина Тетово – 1 термална камера и 5 изолациони апарати;
· Општина Прилеп – 1 термална камера и 4 изолациони апарати;
· Општина Велес – 1 термална камера и 5 изолациони апарати;
· Општина Кавадарци – 1 термална камера и 5 изолациони апарати;
· Општина Гевгелија – 1 термална камера и 5 изолациони апарати;
· Општина Струмица – 1 термална камера и 5 изолациони апарати;
· Општина Кичево – 1 термална камера и 4 изолациони апарати;
· Општина Охрид – 1 термална камера и 4 изолациони апарати;
· Општина Кочани – 1 термална камера и 4 изолациони апарати;
· Општина Штип – 1 термална камера и 5 изолациони апарати;
· Општина Гостивар – 1 термална камера и 4 изолациони апарати.
Оваа инвестиција значително ќе го подобри капацитетот на противпожарните единици во земјата, овозможувајќи им на пожарникарите подобра заштита при справување со пожари. Термалните камери ќе помогнат за побрзо лоцирање на извори на пожар, а изолационите апарати ќе обезбедат сигурност при работењето во задимени и токсични средини.
Дирекцијата за заштита и спасување нагласи дека оваа распределба е направена според потребите на секоја општина и дека ќе продолжи со напорите за модернизација на опремата со цел зголемување на безбедноста на граѓаните и пожарникарите низ целата држава.
Latest Охрид
