Во петок (21.06) oд 9.00 часот на плажа Канео започнувагодинешната Супер чистка во организација на SUP Club Ohrid. Еколошката акција е по повод Денот на Охридското езеро.
– Традиционално се дружиме и оваа година по повод Ден на Охридско Езеро. Првиот ден на летото 21 јуни, во 2000-та година беше прогласен за ден на Охридското Eзеро. Тогаш е потпишан меморандумот за заштита на езерото помеѓу Охрид, Струга и Поградец, со цел подигање на свеста за поголема заштита на езерото како природно наследство од македонска и албанска страна. Ве чекаме да го одбележиме овој ден на еден симболичен начин со Супер Чистка и бесплатно возење на СУП и кајак, велат организаторите.
Тргнувањето е од плажа Канео со СУП и кајак, учсениците веслаат и чистат до плажа Лабино, Градска Плажа и Стар Град. Настанот е бесплатен, како и опремата и кратка обука за управување со СУП и кајак.
– Се што треба е да понесете е убава енергија. Пријавување во инбокс или 078341630, порачуваат организаторите.