Skip to main content

Традиционалната крводарителна акција за Водици успешна

Традиционалната крводарителна  акција за Водици успешна.

 |  Валентина Неловска  | 

Успешно реализирана  традицоналната крводрителна акција Водици прва во оваа година. Одзивот на крводарителите беше голем, напоменува Анета Јованоска од ОО ЦК Охрид.  До 13 часот беа собарани 90 крвни единици, а до завршување на акцијата до 15 часот се очекува оваа бројка да биде многу поголема, напоменува Анета Јованоска ОО ЦК Охрид

„ Најголем број на денешните крводарители се традиционални крводарувачи на овој ден. Знаат и си го чекаат моментот да го  исполнат своето хумано дело“, вели Јованоска.
 
На денешната акција  за прв пат даруваа крв  волонтери  од  Клубот на млади од Црвен крст кои во меѓувреме станале полнолетни. Еден од нив е и Ѓоко Маркоски. Волонтерот на  ОО ЦК Охрид е дел од клубот на млади и  истакна дека се радува што сега е  дел од големото хумано семејство на крводарители.

„По 4 години волонтирање во Црвен крст конечно сега сме полнолетни и може да дадеме крв. Јас денес имав прво крводарување и чувството е одлично и сум многу среќен што ќе спасам околу 3-4 животи“, кажа Марксоки.

Хуманите крводарители за својата несебичност беа дарувани и со пригодни подароци во кои беше вклучена и општествено одгворната комапнија Зегин.

„ Зегин помогна со подароци за крводарителите кои даруваа крв во студенскиот дом Никола Карев и Кичевско Дебарската епархија. Како  општествено одговорна компанија Зегин даруваше и телевизор кој ќе биде  наменет за сензорската соба за учениците со посебни потреби од ОУ Св Климент Охридски“, истакна Сашо Точков претседател на ОО ЦК.    

На денешната кровдарителна акција, покрај  охриѓани, крв дарува и хумани луѓе од повеќе  македонски градови. Денешната акција ОО ЦК Охрид  ја организираше  со медицинска екипа од Трансфузиологија од Скопје.