Skip to main content

Традиционално денес ќе се одбележи Денот на рибарите

Охриѓани денес традиционално ќе го одбележат Денот на рибарите на Сараиште, каде среќниот фаќач на Светиот крст и неговата тајфа ќе се искапат во водите на Охридското езеро.
 |  инфодеск  | 

Охриѓани денес традиционално ќе го одбележат Денот на рибарите на Сараиште, каде среќниот фаќач на Светиот крст и неговата тајфа ќе се искапат во водите на Охридското езеро.

Капачите денес ќе го продолжат ритуалот на рибарите кои со овој чин го одбележувале татиљот, период кога ендемичната охридска пастрмка од длабочината на езерото доаѓа кон брегот за природно да се мрести. Денот на рибарите е празник за градот и вековна традиција која низ годините се прославувала со песни, ора и богати трпези, но охриѓани се сеќаваат и на моменти кога истата била забранувана.

Настанот ќе започне околу пладне, а за музичко-забавниот дел ќе биде задолжен охридскиот музички еснаф.