Вчера вечер свечено се отвори повеќенаменско игралиште во населбата Видобишта кое го носи името на прерано починатиот наш сограѓанец Трајан – ТАЧО.
-Сакам во оваа прилика уште еднаш да се заблагодарам до семејството Целески кои прифатија ова игралиште да биде именувано според нивиот син/брат, и што вечерва беа дел од отворањето. Посакувам позитивната енергија и спортскиот дух кои ги имаше нашиот Тачо да бидат присутни и тука и повторно од тука да се изродат спортски надежи, изјави градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.