Skip to main content

Треба да расте свеста за оралното здравје

Процентот на кариозни заби во земјава се уште е на високо ниво, токму затоа псоветеноста на здравствените служби во последно време е  работа на превенција. Половина од светското население  сé уште  е засегнато од нетретирани орални болести кои се причина за загуба на забите и нарушување на основните функции на устата.
 |  инфодеск  |  ,

Половина од светското население  сé уште  е засегнато од нетретирани орални болести кои се причина за загуба на забите и нарушување на основните функции на устата како јадење, зборување и смеење. Светскиот Ден на Оралното Здравје е најголемата глобална иницијатива за подигање на свесноста на светската популација за значењето на оралното здравје. Оваа кампања  од 2013  година традиционално започнува од  20 Март.

Овогодинешната тема на кампањата организирана од Светската асоцијација на стоматолози е среќна здрава уста за здрав ум и ја покажува поврзаноста на оралното здравје и менталната благосостојба.

-Здрава насмевка е среќна насмевка, среќна насмевка всушност прави да се чувствуваме добри и одвнатре и однадвор ја зголемува нашата самодоверба. Грижата за оралното здравје всушност претставува и грижа за менталното здравје, вели д-р Дијана Шуменковска специјалист по ортодонција.

Процентот на кариозни заби во земјава се уште е на високо ниво, токму затоа псоветеноста на здравствените служби во последно време е  работа на превенција. Не само за одржувањето на правилна хигиена туку и за соодветна исхрана.  Стоматолозите велат  најзначајна е превентивата, редовни превентивни прегледи особено кај децата.

Најголемо внимание посветуваме за грижата кај младите деца, по препораките на Светската здравствена организација првата посета на стоматолог треба да биде поврзана со првиот роденден за многу изгледа тоа смешно и најчесто е прашање што ќе прави детето на порва посета каде има само неколку запчиња, но тоа е многу битно за да детето се навикне на самата средина да сфати дека самата псоета на стоматолог не е ништо страшно дури може да биде забавно. Потоа продолжуваат превентивните прегледи на секоја возраст каде што одделот за детска и превентивна стоматологија при Здравствените домови ги повикуваат на систематски прегледи и се следи состојбата на забите кај децата, додава д-р Шуменковска.

И не само децата целото население треба да врши превентивни прегледи, кои се препорачуваат два пати во годината.

– Апелираме до населението без разлика на возраста превентивните прегледи да се обавуваат два пати во годината на шест месеци. Под превентивен преглед се подразбира преглед кога пациентот нема никаков проблем со ниту еден заб ниту со непцето.Всушност да биде само посета на стоматолог каде што стоматологот ќе забележи доколку постои некаков проблем, вели Шуменковска.

За разлика од минатото, младите  стоматолози особено внимание посветуваат на пристапот кон најмладите, најважно е децата да немаат страв од одење на  забар.

Оралното здрвје е исто толку важно како и општото здравје.Оралните заболувања засегаат милијарди луѓе ширум светот, особено во земји со низок приход. Најчестите проблеми вклучуваат кариес, пародонтални заболувања, губење на забите и орален карцином.

Новинар Соња Рилковска