Skip to main content

Општина Дебрца

Требеништа ќе добие ново детско игралиште

Изградба на детско игралиште во село Требеништа е изборот на учесниците на четвртата форумска сесија од проектот ,,Зајакнување на општинските совети” фаза 2.
 |  инфодеск  | 
Проект игралиште Требеништа

Изградба на детско игралиште во село Требеништа е изборот на учесниците на четвртата форумска сесија од проектот ,,Зајакнување на општинските совети” фаза 2.

На сесијата се презентираа предлог проектите од страна на работните групи на форумот и тоа:

  • Изградба на детско игралиште во село Требеништа.
  • Поставување на топловоден систем за греење и изградба на пристапни рампи до објектот на ООУ ,, Дебрца “ село Оровник.
  • Реконструкција на кровот на објектот ОOУ ,,Дебрца” село Белчишта.

Од трите предложени проекти најмногу бодови доби проектот за детското игралиште.
Изградбата ќе се финансира со грант од проектот ,,Зајакнување на општинските совети” фаза 2, кој се финансира од Швајцарската Влада и Министерството за локална самоуправа, а се кофинансира и спроведува од УНДП ( Програма за развој на Обединети Нации ).
Општината Дебрца ќе кофинансира со средства во износ од 20 % од вредноста на проектот.