Skip to main content

Општина дебрца

Требеништа добива нов современ маркет

Маркетот ќе биде лоциран во село Требеништа, во долниот дел од селскиот Задружен дом кој неодамна беше целосно реконструиран од страна на Општина Дебрца.
 |  инфодеск  | 
Маркет Требеништа

Денес беше потпишан договорот помеѓу општина Дебрца и фирмата Викса 2016 ДООЕЛ, со кој е предвидени да се отвори нов современ маркет во селото Требеништа.

Маркетот ќе биде лоциран во село Требеништа, во долниот дел од селскиот Задружен дом кој неодамна беше целосно реконструиран од страна на Општина Дебрца. Пред потпишувањето на договорот, за јавниот простор се спроведе постапка за јавно наддавање и издавање под закуп на деловниот простор за период од 10 години. Маркетот е предвидено да започне со работа од 01.03.2023 година. Со оваа постапка правиме еден уште едно придвижување на локалната економија, генерирајќи нови вработувања и решаваме еден од горливите проблеми во с.Требеништа – информираше градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.