Skip to main content

Охрид и струга

Тренинг за врснички едукатори во Клубовите на млади при Црвен крст

Во Клубовите на млади при Црвен крст Охрид и Црвен крст Струга изминатиот викенд се одржа тренинг за врснички едукатори.
 |  инфодеск  | 
Клуб на млади Црвен крст

Изминатиот викенд се одржа тренинг за врснички едукатори во Клубовите на млади при Црвен крст Охрид и Црвен крст Струга.

На истиот, 18 млади од двете општински организации се запознаа со основите на врсничката едукација, имаа можност да ги извежбаат вештините кои се потребни за одржување на врсничка едукација како комуникација, презентациски и говорни вештини, фасилитаторство и кофасилитаторство и работа во тим, но и ги ставија своите знаења и способности на тест пред останатите со одржување на презентација на одредена тема – велат од Црвен крст Охрид.

Клуб на млади Црвен крст

Тренингот се одржа во просториите на Црвен крст Струга од страна на Сара Коваческа, Бојана Котеска и Борче Исакоски кои претходно годинава го поминаа тренингот за тренери во хотел Солферино и со овој тренинг го ставија во пракса она што го научија.

Им посакуваме успех на потенцијалните идни едукатори во процесот на дообучување и работата на терен – додаваат од Црвен крст Охрид.

Клуб на млади Црвен крст