Skip to main content

„Македонија 2020-2025“

Трет Камп за високотехнолошка извонредност во Охрид на „Македонија 2020-2025“

На кампот, кој траеше шест дена, 25 млади луѓе на возраст од 11-15 години од Америка, Хрватска, Словенија, Кипар и од Македонија, се обидиоа да го подобрат дигиталното владеење преку унапредување на нивните вештини за кодирање, програмирање и роботика.
 |  Голабовски Крсте  | 
Камп Македонија

Деновиве во Охрид се одржуваше третото издание кампот за високотехнолошка извонредност на организацијата „Македонија 2020-2025“ од македонската дијаспора. И овој пат,  25 млади луѓе, на возраст од  11-15 години од Америка, Хрватска, Словенија, Кипар и Македонија, се обидуваа да го подобрат дигиталното владеење, преку унапредување на нивните вештини за кодирање, програмирање и роботика, вештини за висока технологија. Исто така, кампот имаше за цел поттикнување на нивниот интерес за продолжување на СТЕМ образованието и кариерата. Многу наука, нови знаења, но и нови пријателства, многу забава, се случуваат на кампот, велат учесниците. Некои од нив не ја криеја среќата што после долго време повторно ја посетиле родната земја.

На кампот исто така младите луѓе ќе научат да преземат акција кон одржлив развој, преку промовирање на употребата на технологијата и усвојување на практики за одржлива енергија; подобрување на нивото на свест и разбирање за важноста на сајбер безбедноста за децата. Кампот е прекрасна можност за зајакнувањето на врската помеѓу младите Македонци од нашата земја и младите од дијаспората, и нивната земја на потекло, поттикнувајќи ги меѓукултурните размени и чувството за одговорност и враќањето кон заедница, вели Нина Манчев, од организацијата „Македонија 2020-2025“.

„Вклучуваме деца од 11-15 години кои доаѓаат од Македонија, но и млади Македонци, нивни врсници кои доаѓаат од дијаспората. За наша голема среќа, годинава имаме 25 учесници, дел од нив се од САД,  Хрватска, Словенија, Кипар и од Македонија. Преку проектот им овозможуваме доближување и запознавање со македонската култура и традиција.02,01 (lepi) 02,18„Најинтересно за нашите учесници, беше изработката на македонските рактоворби,  уживаа, се радуваа и се запознаа со тие традиционални занаетчиски ракотворби.„ – вели Нина Манчев од „Македонија 2020-2025“

„Само заедно, можеме да направиме значително влијание во зајакнувањето на вештините на младите таленти од социјално ранливи средини, поттикнувањето на иновациите и обликувањето на посветла иднина за Македонија“ велат од „Македонија 2020-2025“.

Учесниците ќе се стекнат со нови знаења и вештини преку посветеност и натпревар на идеи, фокус на решавање проблеми, акција, out-of-the-box размислување и соработка (работа во парови/групи). 

Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер во Вила Билјана во Охрид ги врачи сертификатите на учесниците на третото издание на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“ што се одржа под негово покровителство.

Пред почетокот на свеченоста на врачување на сертификатите, учесниците имаа можност да ја разгледаат претседателската „Вила Билјана“ и подетално да се запознаат со историјатот и нејзината намена, да ги посетат работните простории на претседателот Пендаровски, да се информираат за неговата работа, активности и надлежности.