Skip to main content

Утре трет уписен рок на УИНТ „Св. Апостол Павле“

Подетални информации за слободните места, потребната документација и условите за запишување се достапни во Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии, објавен на веб страната www.uist.edu.mk.
 |  инфодеск  | 
УИНТ Св. Апостол Павле

Утре, 29 септември 2026 година е третиот уписен рок за студенти во прва година на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Идните студенти можат да изберат тригодишни или четиригодишни студии од областа на компјутерските науки и инженерството, комуникациските мрежи и безбедноста, машинската интелигенција и роботиката, информатичките системи, визуелизацијата, дигиталната мултимедијална и анимациска техника, како и дигиталната бизнис аналитика.

Подетални информации за слободните места, потребната документација и условите за запишување се достапни во Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии, објавен на веб страната www.uist.edu.mk и на социјалните медиуми на Универзитетот.