Трета среќа за луксузен хотел во Горица
Нов обид за продажба на државното земјиште во Горица со нови услови за потенцијалните купувачи.
Горица
За изградба на хотел од висока категорија на овој туристички локалитет, Министерството за транспорт и врски со секој несупешен обид за продажба ги менуваше и условите нагласува Петрески. Продажбата првично стартуваше со услови за купувачот да има ланец од 200 хотели и на охридското крајбрежје да изгради хотел од висока категорија, а земјиштето се нудеше по 50 евра од метар квадратен. По неуспешниот обид повторно се намалија критериумите. Купувачот овој пат требаше да има ланец на хотели со светски бренд, а за земјиштето можеше да се наддава по цена од 100 евра. Сега, останува да видиме на 2 ноември кога ќе се врши јавното лицитирање кој ќе биде инвеститорот на луксузен хотел во Горица.
{loadposition content9}
{loadposition content9}