Skip to main content

Трета среќа за свлечиштето во близина на ОУ Св. Климент Охридски

Трета среќа за свлечиштето во близина на ОУ Св. Климент Охридски.

 |  Валентина Неловска  | 
svleciste

dupkaПо трет пат ќе се интервенира на појавеното свлечиште на патот меѓу ОУ Св. Климент Охридски и Св Сава. Од Локалната самоуправа тврдат дека во два наврати во месеците март и мај интервенирале, но свлечиштето  го проголтувало  тампонот. Сега најавуваат дека по празникот Илингден  ќе пристапат кон повторна санација, а помош бараат и од Завод и музеј, посочува  Љупчо Танески портпарол Сектор за комунален развој, сообраќај и улици.

„Општина Охрид ќе издаде налог по празникот за санација на местото но не под надзор на стурчните служби на Јавните претпријатија,  туку под надзор на стручните служби на Завод и музеј бидејќи локалитето е под нивна заштита. Надзорот ќе биде бесплатен, а средствата ќе ги обезбеди Лолачната од буџетот на општина Охрид“, информира  Танески.
Тања Паскали Бунташеска, директорката на Завод и музеј вели  дека пари за интервенција на проблемот за ова година нема. За санирање на свлечиштето не се планирани средства  со програмата за оваа година бидејќи барњето за проекти  било поднесено мината година во јули. Таа порачува дека проблемите во стар град се заеднички и на нивната институција и на општината.

dupka„ За оваа санација може да обезбедиме средства дури идната година. Морам да кажам дека и Локалната самоуправа  да се вклучи. Градот не е само на Завод и музеј туку и на Локалната и да преземе санација околу ѕидот. Ние сме тука да вршиме надзор и да изработиме дури и проект ако е потребно“, децидна е директорката на Завод и Музеј.   

Свлечиштето се појави во февруари и е сериозен проблем. Доколку не се санира може следниве есен и зима поради временските услви да се прошири и да го сруши патот на потегот меѓу сегашното и некогашното основно училиште.