Skip to main content

На 3 јуни ќе се одржи третото издание на „Вози велосипед, уживај и промовирај“ по повод Светскиот ден на велосипедот

Настанот се реализира со поддршка на Општина Охрид, во соработка со СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ и локални бизнис-заедници. Организаторите најавуваат дружење, рекреација и промоција на здравите животни навики низ охридските улици.
 |  инфодеск  | 

По повод Светскиот ден на велосипедот, на 3 јуни во Охрид ќе се одржи третото издание на настанот „Вози велосипед, уживај и промовирај“. Почетокот е закажан за 10:30 часот во Холандскиот парк.

Настанот предвидува велосипедска тура низ градот, а организаторите ги повикуваат граѓаните, љубителите на велосипедизмот и сите заинтересирани да се приклучат и да дадат поддршка на иницијативите за одржлива мобилност и поздрава животна средина.

Според организаторите, целта е преку промоција на велосипедот како превозно средство да се поттикне еколошката свест, активниот начин на живот и развојот на одржливи урбани практики.

Настанот e во организација на здружението „Граѓански Интегритет“ , а се реализира со поддршка на Општина Охрид, во соработка со СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ и локални бизнис-заедници. Организаторите најавуваат дружење, рекреација и промоција на здравите животни навики низ охридските улици.