Skip to main content

Тргнати рампите од центарот на Охрид

Во центарот на Охрид нема повеќе рампи за влегување и излегување од паркинг просторот.

 |  Маленкова Татјана  | 
rampa
рампа

Претпладнево рампите кај Поштата и пред Охридската капетанија беа извадени, а parking aparatапаратите кои ги придвижува се облепени со леплива лента. Градоначалникот на Охрид Александар Петрески во телефонскиот разговор ни кажа дека  рампите се тргнати со цел    за време на престојните празници да се овозможи побрз проток на автомобили и луѓе во центарот на Охрид. Тој кажа дека до Нова Година и за време на празниците ќе се пристапи кон нов начин на наплата на паркирањето.

Градоначалникот додаде дека локалната не се откажува од идејата после празниците во центарот да не се наплатува за паркинг. Тој е категоричен дека само на тој начин охриѓани ќе се уверат дека наплатата за паркинг во центраот се воведува за да се направи ред, а не за да се заработи.

Останува да видиме дали и како ќе функционираат овие новини со паркинзите во централното градско подрачје.  

{loadposition content9}