Skip to main content

Три апарати за хемодијализа, хемодијафилтрација и хемофилтрација предадени на ЈЗУ Нефрологија

Овие апарати ќе овозможат подобрена грижа за пациентите со хронична бубрежна инсуфициенција, како и за оние со акутни состојби кои бараат напредни методи на прочистување на крвта, велат од болницата.
 |  инфодеск  | 

Три апарати за хемодијализа, хемодијафилтрација и хемофилтрација предадени на ЈЗУ Нефрологија обезбедени преку Центар за развој на југозападен плански регион.

Овие апарати ќе овозможат подобрена грижа за пациентите со хронична бубрежна инсуфициенција, како и за оние со акутни состојби кои бараат напредни методи на прочистување на крвта, велат од болницата.

Придобивки од набавката:

1. Подобрен квалитет на третманот – Новите апарати нудат повисоко ниво на ефикасност во отстранувањето на токсините и вишокот течности од крвта, со што се подобрува општата здравствена состојба на пациентите.

2. Зголемена достапност на услугите – Со проширување на капацитетите на установата, ќе се намали времето на чекање за пациентите кои имаат потреба од дијализни третмани.

3. Намалување на ризиците и компликациите – Современите технологии кои ги поседуваат новите апарати овозможуваат понапредни и посигурни методи на третман, што директно влијае на намалување на несаканите ефекти кај пациентите.

4. Поддршка за акутни случаи – Покрај хроничните пациенти, со овие апарати ќе може поефикасно да се третираат и пациентите со акутна бубрежна инсуфициенција, што е особено важно за итните случаи во регионот.

5. Подобрување на работните услови за медицинскиот персонал – Медицинските работници ќе имаат на располагање современа опрема која овозможува попрецизен и побезбеден мониторинг на третманот.

Проектот е имплементиран од Центарот за развој на ЈЗПР, додека е финансиран преку Министерство за локална самоуправа и Владата на Швајцарската Конфедерација / Швајцарска агенција за развој и соработка во вредност од 3.669.000,00 МКД .