Skip to main content

Три инциденти со физички напад во Охрид во изминатите 24 часа

Во текот на изминатите 24 часа, на подрачјето на СВР Охрид се евидентирани неколку инциденти, а против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави по целосно документирање на случаите.
 |  инфодеск  | 
Свр охрид

На 29 јуни 2026 година, во 05:50 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 34-годишен жител на Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал својата партнерка. По целосното документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Истиот ден, во 11:30 часот, во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, едно лице физички нападнало жена, двајцата од Охрид. По целосното документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во 05:10 часот, на улицата „Коста Абраш“ во Охрид, полициски службеници привеле 21-годишен државјанин на Полска, кој претходно во угостителски објект, под дејство на алкохол, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување. По целосното документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.