©2008 - Сите права се задржани. Powered by TVM.


Три капитални проекти во Охрид чекаат зелено светло од УНЕСКО

Неколку капитални проекти за Охрид не можат да отпочнат со реализација додека целосно не се усогласат со УНЕСКо и Планот за управување со природното и културно наследство на Охридскиот регион. Проектот за реконструкција на кејот е повторно на ревизија во Париз. За катната гаража е спорна висината. За изградба на марина Градоначалникот ќе бара мислење и одобрение на сесијата со Унеско во јуни.

 |  Соња Рилковска  | 

Три капитални проекти за Охрид на чекор до реализација, заглавени со препораките на Унеско. Проектот за реконструкцијата на градскиот кеј која требаше да започне оваа пролет, повтпрно е на ревизија во Париз. Иако опшптината ги направи сите потребни измени и го усогласи со препораките, сепак не доби одобрување за старт на изградбата.  Веќе две години се чека, а процесот може да трае уште со месеци.

„Во консултации со Националната комисија за Унеско ни беше кажано дека не смееме да почнеме со реконструкција на кејот додека и за усголасениот објект не добиеме позитивно мислење. И сега повторно го испративме во Париз и ќе чекаме одобрение за проектот кој што сметаме дека е усогласен. Парите ни се обезбедени“ , вели градоначалникот Контантин Георгиески.

Втор проект кој не може засега да се реализира е катната гаража  на пет ката во градскиот пазар. Проектот е изработен и чини 4 милиони денари, но спорна е висината на објектот.

„Тоа е одличен проект на околу 8 000 квадрати ќе биде катната гаража согласно ДУП е П плус 5 но тука имаме проблем со Планот за управување и имаме порблем со катната гаража согласно планот за управување тука е П плус 2 а ние имаме објект од јавен интерес.Се надевам ќе имаат слух ндлежните во Управата за кутлруно наследство“ , вели Георгиески.

Трет заглавен проект е долгонајавуваната марина во Охрид. Според планот за управување на Охридското езеро забранета е изградба на марина, а во каналот Студенчишта нема веќе место за пловила.

„Ќе треба да се објасниме со Комисијата на Унеско дека марината која би се поставила ќе биде од понтонски тип нема да има насипување и бетонирање. Тоа се готови бетонски понтони, кои само се фундираат  долу со синџири, но за такво нешто ни треба дозвола и тој проект ќе оди во Париз  и сме во статус кво“, појаснува Георгиески.

Градоначалникот најави дека на сесијата со Унеско  во јуни која ќе се одржи онлајн ке бара одобрение за  овие три проекти да може што поскоро да се реализираат.


Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top