Skip to main content

Физички напад

Три лица физички нападнале 21-годишен охриѓанец

Три лица физички нападнале 21-годишен охриѓанец во угостителски објект лоциран на Кеј Македонија во центарот на Охрид.
 |  инфодеск  | 
Тепачка

На 19.01.2023 година околу 22:30 часот, во Охрид пријавен е физички напад врз Х.П. (21) од Охрид од страна на С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид, по што на Х.П. му била укажана лекарска помош во Општа болница Охрид.

Според пријавеното од Х.П., во угостителски објект лоциран на кеј „Македонија” во Охрид, а потоа и надвор од објектот, физички бил нападнат од С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид и притоа се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид. Известен е јавен обвинител и СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.