На 30.01.2023 година, во СВР Охрид, приведени се А.Д.(43), П.Р.(36) и Н.Д.(40), сите од Охрид.
Тие, претходно околу 22:30 часот на улицата „15 Корпус”, физички го нападнале З.Т.(48) од Охрид. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветен поднесок – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.