Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што утрово се случила на регионалниот пат Охрид-Ресен, во близина на Прентов мост.
–Повредените лица се префрлени во болницата „Св. Еразмо“. Во несреќата, која се случила во 7:20 часот утрово, учествувале две патнички возила едно со охридски, a друготo со битолски регистарски ознаки. Извршен е увид од полициска екипа на СВР Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Интервенирала и екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид на извлекување на повредените.
Сообраќајот после одредено време во застој, е нормализиран.