Skip to main content

Три лица тешко повредени во сообраќајна несреќа кај клучката „Св. Еразмо“

Според информациите од полицијата, патнички автомобил „Опел“ со струшки регистарски ознаки, управуван од 70-годишен жител на струшкото село Подгорци, излетал надвор од коловозот и удрил во метален електричен столб.
 |  инфодеск  | 
Полиција

Три лица, меѓу кои и две малолетни деца, се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на 1 јули околу 16:20 часот на автопатскиот патен правец Охрид–Подмоље, кај клучката „Св. Еразмо“.

Според информациите од полицијата, патнички автомобил „Опел“ со струшки регистарски ознаки, управуван од 70-годишен жител на струшкото село Подгорци, излетал надвор од коловозот и удрил во метален електричен столб.

Во несреќата тешко се повредени возачот, како и две малолетни лица на возраст од 14 и 16 години, исто така од селото Подгорци. Повредените биле пренесени во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, каде што им биле констатирани тешки телесни повреди.

По наредба на јавен обвинител, увид на местото на сообраќајната незгода извршиле полициски екипи, а причините за несреќата се утврдуваат.