Skip to main content

СВР Охрид

Три лица од Велешта приведени по инцидент пред Основниот суд во Охрид

По целосно расветлување на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
 |  инфодеск  | 
Свр охрид

На 21.11.2023 година во 13.45 часот, во СВР Охрид приведени се три лица од струшкото село Велешта кои, претходно, пред основниот суд во Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно расветлување на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.