Skip to main content

Три лица загинаа во сообраќајна незгода кај Елешец

Tројца охриѓани трагично ги загубија животите во страотна сообраќајна несреќа која се случи синоќа десет минути по полноќ на регионалниот пат Охрид – Св Наум.

 |  Николоска Биљана  | 
soobrakajka
сообраќајка

Тројца охриѓани трагично ги загубија животите во страотна сообраќајна несреќа која се случи синоќа десет минути по полноќ на регионалниот пат Охрид – Св Наум. Тумбата кај населбата Елешец беше кобна за 21 годишниот Х.Ј и брачната двојка К.Д. (39 годишен) и Т.Д. (28 годишна). Во несреќата тешко е повреден П.Ш (21 годишен) кој веднаш е префрлен во хируршкото одделение при Општата болница во Охрид каде му е извршен оперативен зафат. Додека пак 23-годишниот Д.С. е полесно повреден.

soobrakajka„Најверојатно причината за случената сообраќајна незгода е директен судир помеѓу две патни возила. Се работи за возила марка Исузу и возило марка Рено Канго. Од она што е констатирано од увидот највероватната причина е преминување на левата коловозна лента на возилото Исузу и директен судир со предниот дел во реното во кое што се наоѓала брачната двојка од Охрид“.

Димоски додаде дека врз двете возила кои се наоѓаат во полициската станица за безбедност ќе се врши дополнително вештачење, како и тоа дека ќе бидат переземени и други активности насочени кон возачот на Исузу автомобилот. Во текот на денешниот ден ќе биде извршена обдукција на телата на починатите, изјави Димоски. Присуствот на алкохол кај учесниците во несреќата според Димоски ќе биде предмет на дополнителни анализи.
Инаку местото каде што се случи несреќата возачите го сметаат за црна точка на овој патен правец.

soobrakajka„Ние  на тој потег многу често поставуваме сообраќајни пунктови и вршиме сообраќајна контрола. Но сметам дека ова прашање заслужува одговор и од другите инстанци кои што се најдиректно повикани за регулирање и на брзината но и на соодветно поставување на сообраќајните знаци. Секако дека треба да се размислува и н а одредени измени на тој пат“.

На местото на сообраќајната незгода извршен е увид во присуство на дежурен истражен судија и заменик јавен обвинител, овластен судски вештак како и полициски екипи од СВР Охрид. За време на увидот регионалниот пат Охрид – Св. Наум беше затворен за сообраќај во двата правци.  Охриѓани со шок и неверување ја примија веста за загубените животи. Посмртните останки на трагично загинатите ќе бидат погребани утре на градските гробишта во Охрид.

{loadposition content9}