Skip to main content

Кривична пријава

Три пушки и 30 куршуми пронајдени кај охриѓанец

Кривична пријава за 44-годишен охриѓанец кај кого полицијата пронашла три пушки и 30 куршуми кои нелегално ги поседувал.
 |  инфодеск  | 
Полиција

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.С.(44) од Охрид поради поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска нареба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа една ловечка пушка, една воздушна пушка, една пушка „Црвена Застава” и 30 куршуми различен калибар кои нелегално ги поседувал – информираат од СВР Охрид.