Три угостителски објекти добиле казни за пуштање гласна музика
Три угостителски објекти добиле казни за пуштање гласна музика.
Три угостителски објекти казнети за пуштање прегласна музика. Од 30- те исконтролирани објекти инспекторите во овие објекти регистрирале дека ја надминале дозволената бучавост и го прекршиле законот за заштита од бучавата. Николче Милески од општинскиот инспекторат кажува дека контролите покажале дека на терен има подобрување, но дека сепак граѓаните пријавуваат и понатака бучава.
„ Најголем број на прекршувања за кои се жалат граѓаните се од плажите во ноќните часови, а тука се и бродовите. Се организираат забави на брод. И тие ќе бидат исконтролирани дали ги исполнуваат условите да работат како угостителски објекти и да пуштаат музика која се пренесува преку езерото и се шири целиот град“.
Во Охридската капетанија пак, се изнендени од посочувањето на бродовите како прекршители на законот за заштита од бучавоста.
Капетанот Горан Устијаноски вели дека на нивна адреса досега не пристигнала претставка од граѓаните за гласност од бродовите.
„Со оглед дека до нас не дошла нити една забелешка тврдам дека од бродовите нема никакво прекршување ни во однос на блиското пловење ни по однос на бучавоста која ја ствараат. Ноќните крстарења не се ни започнати и соодветно на тоа, нема направено ни една ноќна тура не гледам причина на што би се жалеле граѓаните поготово навечер“, укажува Устијаноски.
Од општинскиот инспекторат најавуваат дека со контролите за мерење на бучавоста во угостителските објекти ќе продолжат и оваа недела. Во законот за заштита од бучавоста законодавецот предвидел високи парични казни за прекршителите над доволениот максимум од 40 децибели. Санкциите достигнуваат висина и до 10.000 евра, како и клуч на врата за уготителските објекти кои ќе пуштаат прегласна музика.
{loadposition content9}