Skip to main content

Утре трибина „Алцхајмер и деменција – тивките крадци на спомените“ во Библиотека „Григор Прличев“

Трбината е отворена за сите заинтересирани граѓани и ќе започне во 12.00 часот во Библиотеката.
 |  инфодеск  | 
Библиотека Охрид

Во рамките на проектот „За поубав свет“ што НУ Библиотека „Григор Прличев“ го спроведува со Лајонс клубот „Деница“ од Охрид, утре – среда ќе се одржи трибина на тема: „Алцхајмер и деменција – тивките крадци на спомените.“ Предавач ќе биде д-р Јулија Василеска, психијатар.

Алцхајмеровата болест е најчеста форма на деменција (околу 60-70% од случаите), прогресивно невродегенеративно заболување кое предизвикува пропаѓање на мозокот, губење на меморијата и когнитивен пад. Додека деменција е широк поим за пад на интелектуалните способности, Алцхајмер е специфична болест што ги оштетува невроните. За жал и деменцијата и Алцхајмер се се’ почести и присутни меѓу луѓето. И не само што се само здравствен проблем за заболените и семејствата, туку прогресивно се проблем – генерално и на општеството.

Проектот е дел од Годишната програма на Библиотеката финансиски поддржан од Министерството за култура.

Трбината е отворена за сите заинтересирани граѓани и ќе започне во 12.00 часот во Библиотеката.